Црвенковски: Македонија не преговара со ЕУ, изјавите дека за 7 години ќе сме членка се нелогични

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, се сомнева дека ќе има напредок во пристапот на Западен Балкан во Европската Унија. Тој рече дека Македонија нема започнато преговори со Унијата. Тој посочи дека ниту соседните држави кои чекаат полноправно членство немаат значајни исчекори.

„Подготвувајќи се за денешниов настан го прочитав и моето обраќање пред вас од мај минатата година. Што заклучив? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо важно нема да пропуштам. Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок. И тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земји од регионот без разлика дали ќе го нарекуваме Југоисточна Европа или Западен Балкан. Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги започнавме преговорите. Како што стојат работите тешко е да се предвиди дали и кога тоа ќе се случи. БиХ доби кандидатски статус но со 14 строги услови и без можност да ги користи фондовите кои следуваат за земја кандидат. Посебна приказна се Србија и Црна Гора, земји кои преговорите ги почнаа пред цели 9 односно 11 години. Токму со образложение дека процесот на преговори со нив тече споро“, рече Црвенковски.

Тој потсети дека поради промена на методологијата за отпочнување на пристапните преговори, во октомври 2019 година, Македонија не ги почна преговорите со Унијата.

„Во овие три години, ниту Србија ниту Црна Гора не направија значаен чекор напред во преговорите. Од различни причини, за различни држави, процесот за евроинтегрирање стои во место или нема значаен исчекор“, додаде Црвенковски.

Експретседателот посочи дека треба да се гледа и поширокиот контекст, а не само проблемот со Бугарија. Кажа дека додека нема реформи, нема да има ниту пристап на нови членки.

„Фактите говорат дека интеграцијата на Западен Балкан, се во застој, со повремени мали исчекори. Не постои простор за поголем оптимизам ни за во наредните неколку години“, рече Црвенковски.

За него, нелогични се изјавите дека ако сега Македонија ги започне преговорите, за седум, а некои велат и за четири години, ќе стане и полноправна членка на Унијата.

„Можеби грешам, но гледајќи ја поделеноста во Унијата и колку тешко доаѓаат до единствен став во врска со војната, како што се санкциите за Русија, воената помош за Украина – се плашам дека тоа ќе го зголеми скептицизмот“, додаде Црвенковски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе