ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Да се биде жена во Скопје: Поход во секс шоп во време на пандемија

Крајно време е жените да го земат своето сексуално задоволство во свои раце – буквално.

Да се биде жена во Скопје, значи да се има многу табуа околу сопствената сексуалност на секојдневно ниво. Не сакам ни да замислам како е во помалку емпаниципираните средини. Оваа проклета пандемија ми остави доста време да поминам сама со себе, а за мене тоа некако значеше да се навратам на (до)откривање на сопствената сексуалност. Иако живеам со партнер со кој сум долги (убави) години, некои работи ги имав подзаборавено. А можеби токму и заради тоа ги имав подзаборавено. Но, сега сум решена да ги посетам одново или да научам нешто ново.

Во странство неретко сум посетувала секс шопови, и исто толку често сум си купувала по некој „сувенир“ од нив. Ама со оглед на ситуацијата, државата ја немам напуштено од лани, па така идејата да посетам тука секс шоп ме остави некако намуртена. Првата таква посета во Скопје ја имав набрзо штом станав полнолетна и беше... непријатна, најблаго речено. Ако мислите дека како жена ве сексуализираат надвор на улица, бидете сигурни дека ќе ве сексуализираат во секс шоп- од продавачот, до другите клиенти. Па имајќи го тоа искуство предвид, некако бев одвратена од идејата да поитам до првиот секс шоп.

И така дојде есенскиот ковид бран, без да ми се смени многу мислењето на темата. Но со тоа како почна да станува појасно дека повторно ќе имам доста слободно време, почнав да размислувам дали е конечно време за судната посета на секс шоп по некои „намирници“. Размислувајќи на тоа, сфатив дека сега всушност е совршеното време за таа посета. Задолжително носење на маски! Маската секако ми покрива пола лик, а ако на тоа додадам и големи очила за сонце, we’re golden! На нивниот сајт се спремив за тоа што ќе сакам да набавам, извадив и кеш, за да не давам картичка со име и се наоружав со храброст да слушам некои недолчини коментари од продавачот (за погледи нема да зборувам воопшто, бидејќи барем мојот лик и гримаса немаше да бидат видени). I was the pervert your parents warned you about, само што не сум pervert (освен ако не си по тоа, а ако си, ќе средиме нешто).

Пред вратата седеа двајца повозрасни мажи, разговарајки некој падни-стани муабет со пуштени македонски шлагери од телефон. Штом се фатив за вратата мислев дека едниот ќе стане по мене да ме услужи, но на мое големо изненадување тоа не се случи. Наместо еден од средовечните мажи од кои се плашев дека ќе ме услужат, внатре имаше една средновечна госпоѓа која со мало изненадување ја стави маската преку лицето кога влегов. Исклучително фино и услужливо ме праша со што може да ми помогне и ме слушаше додека ѝ кажував што сум видела на сајтот и што барам. Внатре беше темно, па морав да ги извадам очилата (ми пропадна таа идеја за комплетна анонимност, но веќе немаше ни потреба од истата).

Госпоѓата ми помогна околу прашањата што ги имав и ми даде некои предлози за тоа што сакав да купам. Ја послушав и си собрав сѐ што барав на купче. Додека ми објаснуваше за некои детали приметив дека се насмеа и ми рече:

„Гледам дека ќе е долга зима и искрено ми е мило што сѐ повеќе жени доаѓаат кај нас.“

Се насмевнав (никој не го виде тоа од зад маската) и се согласив, а во себе си помислив дали некој мал silver lining е дека дел од женската популација решила да се фокусира на сопственото задоволство? Ако воопшто може да има silver lining од пандемија?!

Женската еманципација не мора секој ден да е во огромни скокови. Некои денови се состои од тоа да ги надминеме нашите ставови, стереотипи или стравови во насока на оние жени кои сакаме да бидеме. Денес сфатив дека всушност јас бев таа со стереотипот за тоа кој работи и како се однесува во секс шоп. Да, тој стереотип беше базиран на претходно лошо искуство, но едно лошо искуство не треба да биде стандардот. И во продавница за облека сум имала слични искуства, па ете, (на огромна жал на мојот партнер) уште купувам облека. Она што мислев дека ќе е кнедла што ќе ја голтнам во име на моето понатамошно задоволство, беше всушност сосема пријатно искуство во истиот правец.

    

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе