Џафери: Пасошите не се регулираат по принципот на возачките дозволи, граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги повикува сите политички субјекти и претседатели на партии во државата, во пресрет на распишувањето на изборите, да се водат исклучиво од државните и граѓанските интереси, да не наштетуваат на меѓународните позиции на државата и да не ги доведуваат во заблуда граѓаните со манипулации и невистини.

„Прашањето околу употребата на уставното име на државата во патните исправи е регулирано со Уставот на Република Северна Македонија и е дел од меѓународен договор. Оттука, несериозен, популистички и исклучиво во партиски интерес е наводниот повик да се поддржи законско решение со коешто би се продолжила важноста на патните исправи, по примерот на решението со возачките дозволи“, вели Џафери.

Како што додава тој, повиците за непочитување на Уставот на Република Северна Македонија и за непочитување меѓународни договори нанесуваат штета пред сѐ на граѓаните, со тоа што се доведуваат во заблуда, но и на меѓународниот углед на државата.

„Владата на Република Северна Македонија го презеде потребното и возможното и на вчерашната седница донесе одлука со којашто се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија, како и овозможување издавање без надомест на патните листови за сите државјани кои живеат надвор од државата, а имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи“, посочува Џафери.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе