Дали ДПМ е пред самоукинување по 77 години постоење?

Иван Антоновски денеска ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите, коментирајќи дека бил во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостојна позиција, а по јавно достапните информации, дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ правно, воопшто, и не постои.

Сепак, тој смета дека има морална обврска да извести дека и формално го презема овој чекор затоа што ставовите и програмските определби од неговата кандидатура всушност биле одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба.

„Верувам дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, иако по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок. Со формалното повлекување на кандидатурата чувствувам обврска и се надевам дека на овој начин ќе успеам да спречам заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања, што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото, а тоа верувам дека не сакаме да си го дозволиме затоа што заложбите беа и се за нов систем на вредности, а не за продлабочување на веќе постојните проблеми“, вели Антоновски.

И покрај сè, додава тој, сака да верува дека ДПМ може да излезе од ќор-сокакот во кој се наоѓа, а дали тоа ќе се случи зависи од секој од членовите на ДПМ.

Блаже Миневски се повлече од кандидатурата за претседател на ДПМ

Поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на Вонредното собрание, како и поради информациите во врска со нелегитимноста на изборните процеси и раководењето на ДПМ што се појавија во јавноста, ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ДПМ и нема да присуствувам на закажаното продолжување на вонредното Изборно собрание на Друштвото, ја извести јавноста писателот Блаже Миневски, кој беше еден од четворицата кандидати за претседател на ДПМ.

Претходно, кандидатурите ги повлекоа Живко Грозданоски и Гоце Ристовски, а единствен кандидат што остана е Мирче Нешовски. Од кандидатурата за претседател на собранието на ДПМ во декември се повлече Стефан Марковски, а денес и Иван Антоновски.

Актуелната претседателка на Собранието, Кристина Николовска вчера потсети дека закажаното продолжение на седницата за Вонредното изборно собрание на ДПМ ќе се одржи на 27 јануари во 11 часот во просториите на ДПМ. Седницата е продолжение на претходната седницата (од 25.11.2023) којашто немаше услови да се одржи поради немање на кворум за работа. Во врска со евиденцијата на членови на асоцијацијата коишто доаѓаат од внатрешноста, се замолуваат членовите да се запишат на списокот што ќе биде во канцеларијата со цел натаму да се регулираат патните трошоци, стои во известувањето.

Миневски реагираше за објавената информација за постоење на два статути на Друштвото, еден статут во Централен регистер (од 2011 година), а друг достапен пред јавноста (од 2009 г.). Информацијата беше објавена во разговор со некогашната претседателка на ДПМ, Соња Елсезер за „25 минути“.

„Многу сериозни се информациите објавени во телевизискиот разговор со поранешната претседателка, Соња Стојменска-Елзесер, за постоење на два статута – еден ‘важечки’ и еден ‘неважечки’, еден ‘јавен’ и друг ‘таен’, но валиден, депониран во Централниот регистар. Функцијата претседател на ДПМ според Статутот доставен до Централен регистер има мандат од две години, додека не постои воопшто функција претседател на Собранието. Според Статутот објавен на веб страницата, мандатот на претседателот на ДПМ е 4 години, како и мандатот на претседател на Собранието. Врз основа на кој Статут се бирала и се бира управата на ДПМ? Дали мандатот на претседателот е две или четири години? Дали вршењето на функцијата претседател на Собранието е легитимно и дали некој воопшто имал мандат со повикување на таа функција да презема активности и да настапува во име на ДПМ според невалидни акти?    

Освен тоа, во изминатите два месеца, од 25 ноември минатата година до денес, не е направено ништо за вонредното изборно собрание да бидат известени оние 65-мина од 285-те члена на ДПМ, кои немаат електронски адреси и не добиваат ниту покана ниту материјали за учество во работата на Собранието.

Актуелното (не)легитимно раководство не предложи решение ниту за 29-те члена на ДПМ што живеат во странство, кои, ако веќе не можат да гласаат електронски, барем да не влегуваат во списокот за кворум, односно да се евидентираат и да гласаат само доколку физички се присутни на седницата.

Не покажа коректен однос дури ни кон членовите со најдолг стаж во ДПМ, меѓу кои и класици на современата македонска книжевност, со тоа што не ги консултира дали се во можност физички да присуствуваат на седниците на Собранието или пак да се изнајде начин како да бидат вклучени во работата на највисокото тело на македонската писателска асоцијација.

Исто така, и покрај ветувањето дека ќе се покријат патните трошоци на членови што дојдоа од внатрешноста на вонредното изборно собрание во ноември, досега таква исплата не е направена.

Писателската асоцијација на Македонија за првпат во своите 77 години се наоѓа на чекор од самоукинување.                    

ДПМ мора да фати приклучок со новото време, излегувајќи од бездната во кое е фрлено свесно или несвесно во изминатиот период.

Можеби единствен начин за излез од катастрофалната состојба е евентуалната можност да се активира Советот на ДПМ (поранешните претседатели) и/или членството да избере привремена управа за надминување на кризата, со цел да се разгледаат сите опции, да се надминат правните проблеми со статусот и Статутот на друштвото, да се анализираат и утврдат точните списоци на членството и потоа да се организира легитимно изборно собрание.

На крајот, сепак се надевам дека како членство ќе ја понесеме одговорноста и ќе изнајдеме начин македонската писателска асоцијација да излезе од состојбата во која се наоѓа“, пишува во писмото Блаже Миневски, еден од четворицата кандидати за претседател на ДПМ.

Друштво на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

реклама

Култура

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Read more

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more
 

Вести

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе