ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Дали е 17 октомври е среќен ден за Евертон?

Евертон и Ливерпул го отвораат 5. коло во Премиер лигата во 13:30 часот.

Се чини дека Мерсисајд дербито ќе биде исклучително интересно, имајќи предвид дека „Карамелите“ во моментов се во подобра позиција и во подобра форма од „Црвените“.

Нашиот спортски новинар Филип Здравески во најавата за фудбалскиот викенд со дури шест дербија, нагласува дека лутите ривали Евертон и Ливерпул по 203. пат ќе се сретнат во најсилната англиска лига.

URL

 „Сезонава тимот на Карло Анчелоти се наметна како одлично освежување во Премиер лигата, додека избраниците на Јирген Клоп со бламажата против Астон Вила покажаа дека се и тоа како ранливи“, акцентира тој.

Евертон е на врвот во Премиер лигата со четири победи на четири одиграни натпревари.

Ливерпул ја отвори сезоната со три последователни победи, за во последното коло да доживее шокантен пораз од Астон Вила (2:7).

Јирген Клоп мораше повторно да го извади пред голот Адријан со оглед на тоа што Алисон е повреден, а кога ќе се земе предвид неговиот учинок на последниот натпревар и фактот дека Евертон постигна три гола на натпревар, Ливерпул тешко дека ќе се врати на „Енфилд“ со недопрена мрежа.

URL

Ефикасен е и Ливерпул, кој постигна гол помалку од Евертон (11). Во првите четири натпревари паднаа повеќе од пет гола во просек на натпреварите на Ливерпул, во однос на четирите на натпреварите на Евертон. Ако ваквата статистика не е вовед во еден одличен натпревар со голем број на голови, не знам што е.

Состави:

URL
URL

Уште една интересна информација - Евертон веќе десет години нема победа против Ливерпул.

И тоа точно на овој ден пред десет години - последниот триумф го постигнаа на 17 октомври 2010 година, кога головите ги постигнаа Тим Кејхил и Микел Артета, кој сега е менаџер на Арсенал.

URL

Дали овој датум повторно ќе биде среќен за Евертон?

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Милан ја најде замената за Жиру

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Милан ја најде замената за Жиру

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе