Милан во сезоната 2024/2025 влегува со нов тренер и нов напаѓач.
Прашањето е само дали тоа ќе биде Словенецот Бенјамин Шешко, Холанѓанецот Џошуа Зиркзее или Серху Гираси.
Gazzetta dello Sport најавува дека Милан прво ќе се обидат на „Сан Сиро“ да го доведат словенечкиот репрезентативец од Лајпциг, кој има излезна клаузула од 65 милиони евра, но која може да се зголеми за дополнителни 10 милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.
Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари.
Gazzetta dello Sport наведува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот мора прво да заработи од продажба на играчи за да инвестира дел во засилувања, како и дека за Шешко (20) се заинтересирани многу англиски клубови.
Во Милан го гледаат како замена за Оливје Жиру кој се подготвува за преселба во американската МЛС.
Конкуренција треба да му биде српскиот напаѓач Лука Јовиќ со кого се преговара за нов договор и останува кај „Росонерите“.