Дали е можно да се слабее само со пешачење?

А.С.
/ 30.06.2021 / 19:48

Дали сте знаеле дека со пешачење може да потрошите ист број на калории како и со трчање? Треба само да го забрзате малку темпото.

Со брзо одење може ефикасно да се слабее, вели личниот фитнес инструктор Мишел Стентон. Пешачењето е одличен избор за рекреација за оние кои не можат да трчаат поради проблем со грбот или колената, бидејќи со брзо одење не се создава толку голем притисок на 'рбетот и зглобовите.

Со пешачење со поголема брзина на дистанца од 7 километри во рок од 40 минути ќе согорите ист број на калории како со 10 минути трчање со брзина од 10 км/ч.

Брзото одење е препорачливо и за одржување на општата добра здравствена состојба. Ако почнете да пешачите со малку поголема брзина од вообичаената, го намалувате ризикот од прерана смрт, особено од кардиоваскуларни и респираторни болести, покажаа резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот во Глазгов.

Пешачењето со околу 7 километри на час е брзо и тоа темпо е прилично интензивно, но може да го постигнете ако постепено работите на вашата издржливост.

Еве како да го постигнете тоа:

Држење на телото: Кога ќе се исправите, се зголемува просторот меѓу вашите колкови и ребрата, што ви дава повеќе простор за исчекор, во споредба со тоа кога сте „клапнати“.

Гледајте право: Немојте да гледате во вашите стапала или на патот непосредно пред вас. Пуштете го погледот и гледајте во точка оддалечена на околу шест местри од вас. Рамената повлечете ги наназад, за да го отворите убаво градниот кош и да можете длабоко да дишете.

Движете ги рацете: Лактите свиткајте ги под агол од 90 степени и брзо движете ги напред-назад, за да го следат темпото на вашиот од. Ако рацете ви се спружени покрај телото или прекрстени на гради, потешко ќе го одржувате темпото и побрзо ќе се заморите.

Мали чекори: Како да одредите колкав исчекор треба да правите? Во стоечка положба едната нога свиткајте ја во коленото и подигнете ја во висина на колкот, така што стапалото да ви виси покрај коленото на ногата на која стоите. Потоа спуштете ја на земја од таа висина. Чекорот треба да ви биде на околу 15-20 сантиметри од фиксната нога, а тоа треба да биде вашиот исчекор.

Одење во интервали: Ако не можете долго да одите брзо, ова ќе ви помогне. Одете на пример 10 секунди најбрзо што можете, а потоа 20 секунди со средно темпо и обидете се така да издржите барем 5 минути за почеток. Овие интервали ќе ви помогнат да ја зголемите постепено брзината со која одите, но истовремено и ќе придонесат за повеќе согорени калории откако ќе завршите со пешачење.

Откако ќе фатите темпо, еве план како да продолжите да согорувате калории со забзано темпо во наредните 24 часа:

Загрејте се со одење со умерено темпо околу 3 минути. Умерено темпо е она на кое можете да разговарате без задишување.

Забрзајте до енергично одење во следните 30 секунди. Кога одите со ова темпо се движите прилично брзо и ќе ви биде потешко да кажете цела реченица без да изгубите здив.

Одете многу брзо 20 секунди, но одберете темпо што може да го издржите цели 20 секунди. Следните 10 секунди одете најбрзо што можете, со цела сила.

Повторувајте ги овие 30-20-10 интервали во текот на четири минути, а потоа одморете една минута со одење со умерено темпо.

Поставувајте си предизвици, користете апликации за мерење на брзината и оддалеченоста и секогаш пешачете во удобна облека и обувки.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе