Дали е вистина или мит дека на жените им се синхронизираат менструалните циклуси?

Со текот на годините се разви мислењето дека конечниот доказ за вистинското женско пријателство е усогласувањето на менструалните циклуси.

Според една студија од 1999 година, 84% од учесничките рекле дека знаат што е менструално усогласување, а 70% од нив рекле дека доживеале синхронизирање на циклусот со своите пријателки, колешки или цимерки.

Повеќе од 40 години научниците се занимаваат со оваа проблематика, а денес преовладува мислењето дека усогласувањето на менструацијата е само мит.

Што е менструалното усогласување?

Менструалното усогласување, познато и како Меклинток ефект, се однесува на идејата дека ако жената поминува време со други жени кои имаат менструација и произведуваат феромони, тоа влијае на нејзиниот биолошки одговор и затоа добива менструација порано или подоцна од вообичаеното за нејзиниот циклус.

Студијата што предизвика лавина

Во 1971 година, американскиот психолог од Харвард Марта Меклинток спроведе студија на 135 девојки кои живееле во студентски дом. Оваа студија покажа дека менструалниот циклус се усогласил кај девојките кои поминувале време заедно или биле цимери, но не и кај случајно избраните девојки кои не поминувале време заедно.

Хипотезата презентирана од Меклинток беше дека усогласувањето е резултат на тоа што девојките поминуваат време заедно, јадат заедно или се наоѓаат во стресни ситуации во исто време. Главната идеја произлезена од истражувањето е дека женските феромони комуницираат едни со други поради физичката близина што резултира со хармонизација на циклусот.

Дали сè е само мит?

Од 1971 година до денес, спроведени се безброј студии кои не успеаја да докажат дека менструалното синхронизирање всушност се случува бидејќи резултатите се многу двосмислени.

Во моментов, најновата теорија е дека менструалните циклуси воопшто не се усогласуваат, туку всушност се разминуваат, а усогласувањето се случува од време на време не поради биолошки фактори, туку со текот на времето.

На пример, ако вашиот циклус трае 4 недели, а циклусот на вашата пријателка трае 5 недели, во еден момент во текот на една година, вашите циклуси ќе се усогласат и потоа повторно ќе се прекинат.

Секако дека е неопходно да се продолжи со истражување на оваа тема бидејќи претходните истражувања не може со сигурност да ја утврдат или побијат усогласеноста на менструалните циклуси кај жените.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе