Дали им завидувате на луѓето кои примија вакцина, а вие уште не?

Откако е почната пандемијата, Петер Јакобсен (64) има отидено во блиската продавница само петпати. Секој пат, купувањето беше изведено многу брзо за да се ограничи потенцијалното изложување на коронавирусот.

„Знам точно за што одам. Не купувам никаде на друго место, само го земам она што ми треба, го пакувам во торба и одам дома“, рече тој.

Но, во средината на март, додека одеше на пазар, наиде на една пријателка, постара од него, која го застана да поразговара со него.

Му рече дека неодамна примила втора доза вакцина против COVID-19 и дека ова е нејзина прва посета на продавницата по една година, што е уште еден знак дека животот постепено се враќа во нормала.

Но, додека разговараа, Јакобсен стануваше сè повознемирен. Беше среќен што се виде со пријателката, истовремено размислувајќи кога ќе доживее слично чувство на олеснување. И цело време, сакаше да се врати дома што е можно побрзо.

„Сфатив дека сè уште сум во пандемиски начин на размислување, а таа беше опуштена. Тогаш сфатив дека зависта што ја чувствував затоа што беше вакцинирана е навистина нешто реално“, рече тој.

Пандемијата ни овозможи да научиме многу за нас самите

Пандемијата ни овозможи да научиме многу за нас - како се справуваме со стравот од непознатото, како се справуваме со изолацијата и како реагираме на длабоките нееднаквости што ги откри коронавирусот.

И додека сè повеќе луѓе низ Велика Британија со задоволство објавуваат информации преку социјалните мрежи или на друг начин дека ја примиле оваа долгоочекувана вакцина, сите оние кои сè уште чекаат да им дојде ред се соочуваат со сопственото чувство на завист.

„Сакам да кажам дека зависта е универзална емоција од која се чини дека никој не страда“, вели Џош Гресел, автор на „Прифаќање на чувството на завист: како да најдеме духовно богатство во емоцијата од која најмногу се срамиме“.

Имено, Гресел вели дека „тоа е единствената емоција чие постоење сите се срамиме да го признаеме“. Тој додава дека некои сè уште признаваат дека се завидливи.

„Чувството на завист кон луѓето кои се вакцинирани е толку големо што се прашувам дали сум навистина добра личност“, објави на Twitter Дејвид Вагонер од Вирџинија.

Беи Денг, 24-годишна девојка без никакви здравствени проблеми, која живее во Кореа таун во Лос Анџелес, вели дека веројатно накратко ќе ги „исклучи“ објавите на пријателите кои се фалат со фотографии од своите вакцинации на социјалните мрежи, сè за да го намали сопственото чувство на вознемиреност што го има и смета дека ќе го има сè додека не се вакцинира.

И Кет Сембор (36), менаџерка на настани, признава дека за неа, емоционално збунувачки се состаноците со пријатели и познаници кои веќе се вакцинирале.

„Пресреќна сум за секоја личност која ќе ми каже дека се вакцинирала, навистина сакам секој што сака да се вакцинира, но истовремено сакам моите најблиски да бидат безбедни. Во мене се појавуваат чувства на завист и противречност", објасни таа .

Зависта е дел од човечката природа и има важна еволутивна цел

Зависта отсекогаш постоела. Тоа е дел од човечката природа и секој јазик во светот има збор за завист. Студиите покажаа дека дури и некои примати чувствуваат завист.

„Зависта е желба за нешто што некој друг го поседува и всушност е непријатна емоција“, објаснува Кристин Харис, професор по психологија на Универзитетот во Сан Диего, која ги проучува негативните емоции.

Повеќето експерти се согласуваат дека зависта има важна еволутивна цел. Споредбите со другите и нашите напори да го постигнеме или добиеме она што тие го имаат, а ние го немаме, ни помагаат и придонесуваат за сопствен развој и личен раст.

„Ако не чувствувавме завист, нашата еволутивна лоза ќе овенела“ вели Ричард Смит, експерт за завист и пензиониран професор по психологија, кој предаваше на Универзитетот во Кентаки. Тој додава дека повеќето луѓе се срамат од тоа чувство на завист.

„На зависта гледам како на двоглаво чудовиште“, вели Харис. „Едната глава би сакала да го проголта она што таа друга личност го има, а другата глава повеќе би сакала да се „проголта“ себеси поради ваквите одвратни чувства.

Харис објаснува дека чувството на завист кон некого не ве прави лоша личност. Тој додава дека тоа е сосема природно чувство, бидејќи поради нечие достигнување можеме да се чувствуваме среќни истовремено, но и да му завидуваме.

Смит објаснува дека нивото на завист што го чувствуваме кон некого често зависи од степенот до кој сметаме дека одредена личност  го заслужила она што го добила.

Кој ја „заслужи“ вакцината?

„Ако мислите дека некој не заслужил нешто, има совршена смисла да се лутите кога тој/таа ќе го постигне или добие нештото“, вели тој.

Овој аспект на завист е особено релевантен во последните неколку недели, бидејќи внимателно го следевме начинот на исполнување на условите за добивање на вакцината.

Чувствувавме задоволство и радост кога вакцината почна да ја примаат здравствените работници, сите оние кои со месеци храбро се изложуваа на коронавирусот за да лекуваат пациенти.

Задоволство, радост и олеснување почувствуваа и огромното мнозинство од луѓето кога дојде ред да се вакцинираат постарите лица. Но, кога помладите, навидум способни луѓе започнале да објавуваат селфи на социјалните мрежи кои покажуваат дека биле вакцинирани - појавата на завист беше неизбежна.

„Почесто ќе ѝ завидувате на личност како вас“, објасни Смит. „Значи, ако видите дека некој како вас веќе примил вакцина, вашата прва реакција ќе биде: А зошто?“.

Се прашувате зошто вашиот навидум здрав пријател или познаник ја вакцинирал разбирливо, смета Смит. Но, кога пријателот за кој верувате дека е здрав и дека може да се заштити од вирусот, објавил фотографија на Instagram дека ја примил вакцината, би било паметно да се воздржите од коментари.

„Некои болести не се видливи“, вели д-р Стефани Вајт од Помона. „Можеби не знаете ништо за нечија неодамнешна дијагноза за рак или за бременост, информации што овие луѓе не биле подготвени да ги споделат.“

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе