Дали индонезиската војска конечно ја укинува проверката на невиноста?

Во Индонезија се зголемуваат барањата војската да ја прекине практиката на тестирање за невиност за жените кои сакаат да се приклучат на вооружените сили, особено откако главниот командант на армијата минатиот месец рече дека тестовите за невиност треба да се укинат.

Началникот на Генералштабот на копнените сили, генерал Андика Перкас, на 18 јули рече дека тестовите за жените кои сакаат да се приклучат на вооружените сили треба да бидат исти како и за нивните машки колеги. Неговата изјава веднаш беше поздравена од организацјата Human Right Watch, која ја смета практиката за понижувачка, насилна, дискриминаторска и ненаучна.

Андика рече дека треба да се укинат здравствените прегледи кои не се релевантни за процесот на вработување. Но, портпаролот на вооружените сили, Џавара Вимбо, рече дека прегледот на женските репродуктивни органи, кој вклучува преглед на хименот, сѐ уште е задолжителен за регрутите. Барањето важи и за свршеничките на воениот персонал, додаде портпаролот.

Тој ја објасни потребата од таков преглед со тоа што жените се склони кон рак на грлото на матката. Индонезиската полиција ја укина проверката на невиноста во 2015 година, а HRW ги повикува воздухопловните сили и морнарицата да го следат примерот.

HRW потсетува дека тестот за невиност вклучува инвазивен преглед со два прста за да се утврди дали хименот на кандидатката е недопрен. Индонезиската војска брои околу 500.000 припадници. Тоа е исто така најголемата институција во светот која продолжува да практикува тестирање за невиност.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе