Дали може да ги носите маските за еднократна употреба повеќепати?

Дали може повторно да ја носите истата маска зависи од тоа каков тип на заштитна маска користите.

Можете повторно да користите обична платнена маска, само треба да ја исперете по секоја употреба. Но, што е со оние маски за еднократна употреба, како хируршка или маска N95?

Според советот на Светската здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC), не треба да ги носите овие маски повторно, но во случај да немате нова при рака, подобро да носите некаква, отколку никаква. Еве што треба да знаете за тоа.

Зошто N95 и хируршките маски не треба да се користат повеќепати?

N95 и хируршките маски се двата вида маски за еднократна употреба кои најмногу се користат, а нивната ефикасност е најголема при првата употреба. Ако се користат повторно, овие маски всушност можат да го зголемат ризикот од инфекција како резултат на начинот на кој функционираат.

Имено, маските N95, за разлика од хируршките, можат цврсто да се затегнат и филтрираат околу 95% од честичките. СЗО препорачува да ги фрлите овие маски доколку станат влажни од дишењето. Овие маски делуваат како физичка бариера каде што се собираат микроби и капки и затоа вирусот може да се прошири на други површини и да биде потенцијално опасен за ширење на инфекцијата доколку не се отстрани правилно.

Упатства за повторна употреба во итни случаи

Значи, треба да избегнувате повторна употреба на маски за еднократна употреба, но ако ова е единственото решение за вас во итни случаи, можете да го сторите тоа според соодветните упатства за да се минимизира ризикот од инфекција.

Бидете внимателни кога ја отстранувате маската. Ако треба да ја прилагодите маската, задолжително измијте ги рацете претходно или користете средство за дезинфекција на рацете со најмалку 60% алкохол. Кога ја отстранувате маската, не заборавајте да ги допрете само врвките на маската, а не самата површината на маската.

Чувајте ја маската на прозрачно место или во хартиена кеса. Немојте да користите најлонски/пластични кеси или кеси од материјали што целосно го блокираат протокот на воздух.

Ако забележите дека маската има дупки или какво било оштетување што може да ја намали нејзината ефикасност, не користете ја.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе