Дали новиот булевар Македонија ќе го олесни сообраќајот во центарот на Скопје?

Град Скопје почнува со изградба на булеварот Македонија, голем сообраќаен проект со кој треба да се растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска со екипи од секторите во Градот и јавните претпријатија изврши увид во градежните работи за почнување со реализација на првата фаза на еден од најтешките, најголеми и најзначајни проекти во Скопје – изградбата на булеварот Македонија, кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Градското раководство почнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунскиот комбинат во Кисела Вода, која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булеварот Крушевска Република и улицата 11 Октомври, втората меѓу булеварот Борис Трајковски и булеварот Македонија и третата на двата крака на булеварот Македонија кон втората фаза од булеварот, кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“, информираа од Град Скопје.

Според нив, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните во централното градско подрачје.

Во првата фаза, која се реализира, предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина, како и пешачка зона, а истовремено се реконструираат целосно водоводната и канализациската мрежа.

Тагови
реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе