Засега не е познато кој ќе го наследи Даниел Крег и ќе ја презеде улогата на Џејмс Бонд, но обожавателите веќе се нетрпеливи и шпекулираат, а обложувалниците предвидуваат.
Со оглед на тоа дека е отпуштен и повеќе нема да го глуми Супермен, се зголемуваат шансите актерот Хенри Кавил да биде новиот агент 007.
Се очекуваше популарниот британски актер повторно да го видиме во улогата на Супермен за уште еден филм на DC, но се чини дека продуцентите сепак сакаат помлад актер.
Во изјавата објавена на Instagram, Кавил соопшти дека имал состанок со раководителите на студиото на DC, Џејмс Ган и Питер Сафран и дознал дека сепак нема да го игра Супермен.
По неговата објава се зголемија шансите тој да биде следниот Бонд. Според обложувалниците, Арон Тејлор-Џонсон останува фаворит за улогата, но Кавил сега е на второто место.