Дали претворањето на вишокот храна во биоенергија може да биде профитабилна индустрија?

Се проценува дека годишно во светот се фрлаат околу 2,5 милијарди тони храна. Има ли решение за овој проблем кое би било одржливо и профитабилно?

Според истражувачите од Универзитетот во Илиноис во САД, едно потенцијално решение би можело да биде пренасочување на отпадот од храна од депониите во производство на обновлива енергија. Сепак, наведуваат дека во моментов ниту една земја во светот не ја спроведува оваа практика на големо.

Технологијата веќе постои

Новото истражување на Универзитетот во Илиноис, Урбана-Шампејн, ја тестираше можноста за примена на производство на енергија од отпадна храна во американската сојузна држава Илиноис.

„Во САД имаме големо количество органски отпад кој завршува на депониите и испушта стакленички гасови. Сепак, овој материјал може да се претвори во обновлив извор на енергија користејќи анаеробна дигестија. Ова решение истовремено се справува со вишокот на храна и придонесува за одржливо производство на енергија“, рече Џејсон Уен, докторанд на Катедрата за земјоделско и биолошко инженерство.

Уен и неговиот тим спроведоа опсежна анализа на логистиката на синџирот на снабдување за да утврдат дали системот за претворање на отпадот од храна во енергија и други биопроизводи ќе биде профитабилен во Илиноис.

Анаеробното варење не е нова технологија, но ако беше профитабилно, ќе се користеше повеќе. Сепак, студијата дава ветувачки резултати, рече еден од авторите, Луис Ф. Родригес.

За што точно се работи?

Анаеробното варење е процес кој веќе се користи во многу постројки за третман на отпадни води. Тоа се однесува на „биолошки отпад“, како што се фекалии или други видови органски отпад.

Оваа технологија може да се користи не само во пречистителни станици, туку и во нови капацитети кои би решиле пошироки еколошки проблеми. Истражувачите открија начин на кој отпадот може да стане корисен, но и профитабилен.

Оваа техника користи големи количини отпад (вклучувајќи го и отпадот од храна од домаќинствата) за производство на енергија. Студијата покажува дека примената на технологијата може да донесе профит и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Сепак, започнувањето на таква активност бара почетни инвестиции и има оперативни трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за транспорт и селектирање на отпадот.

Во моментов, профитабилноста на оваа технологија е сè уште под знак прашалник, но може да се зголеми доколку се зголеми пазарната прифатливост на производите добиени со овој процес. Исто така, владините политики кои поттикнуваат намалување на емисиите на јаглерод би можеле да ја направат оваа технологија попривлечна за инвеститорите.

Истражувачите планираат да ја прошират својата анализа на поголемо ниво, за подобро да разберат како оваа технологија може да се примени низ САД и да го подобрат искористувањето на отпадот.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе