Дали пуканките навистина се едни од најздравите грицки?

Дали пуканките навистина се едни од најздравите грицки што можеме да ги јадеме дури и ако внимаваме на линијата? Смеат ли да се подготвуваат во микробранова печка или има некоја подобра опција?

Вашата новогодишна одлука е да изгубите неколку килограми и да се храните поздраво, па се чувствувате виновни откако ќе изедете порција пуканки со добар филм или серија? Нема потреба! Тие навистина се одличен избор за грицкање доколку не сакате да внесувате многу калории и масти.

Добрата вест е што содржат многу влакна, поради кои подолго ќе се чувствувате сити и благодарение на што процесот на варење ќе биде подобар, тие се лесни за желудникот и немаат многу калории. Сепак, сите добри страни можат да се уништат за миг ако ги подготвите на погрешен начин...

Не треба да ги подготвувате во микробранова печка бидејќи овие пакувања содржат големо количество сол и маснотии, па веднаш ќе ги претворите во мрсна и калорична закуска која секако не е добра за одржување на тежината или за честа консумација.

Покрај тоа, кесичката во која се содржани содржи перфлуорооктаноична киселина, која е многу штетна по здравјето, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на американската Агенција за храна и лекови, ФДА. Оваа супстанца служи за задржување на маснотиите во кесата, а тестовите на животни исто така покажале дека го зголемува ризикот од рак на црниот дроб, тестисите и панкреасот во нив.

Друга информација која може да ве преплаши е тоа што тие содржат масти за цел ден! Се користи палминото масло за кое одамна е познато дека е најштетно - го зголемува холестеролот и го загрозува здравјето на срцето. Некои кесички содржат од 4 до 6 грама масти, што е помеѓу 20 и 30% од дневната вредност на хранливите материи во само една порција, како и сите масти што треба да ги внесуваме во текот на еден ден.

Покрај тоа, содржат и огромна количина на сол.

Исто така, како што пренесува EatThis, избегнувајте пуканки во кино - само една порција има приближно 1.160 калории, а количината на маснотии е доволна за дури три дена!

Тогаш, како да ги јадеме?

Експертите велат дека најдобро би било пуканки да се испечат во тенџере со малку масло и на крај да се посолат, или пак да се направат во апарат за пуканки кој ги пече на воздух.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе