Rimac размислува и за далеку подобри забрзувања и открива дека 1,85 секунди на Nevera (0-96 км/час) се резултат на компромис.
Матија Рениќ, развојниот инженер на Rimac, кој ја имаше честа да тресне 11 Nevera автомобили поради различни тестови, деновиве беше во Монтереј, каде меѓу другото даде неколку интересни изјави.
Најпрво беше откриено дека Rimac размислува за многу подобри забрзувања и дека 1,85 секунди на Nevera (за забрзување 0-96 км/час) се резултат на компромис.
Сега, сепак, откри каков е ставот на Rimac во однос на SUV моделот. На прашањето на магазинот The Drive да одговори дали Rimac може да произведе исклучително профитабилен SUV модел, Рениќ одмавна со главата и рече: „Никогаш. Така вели Мате (Римац).“
Малку неочекувано бидејќи речиси сите ексклузивни производители подлегнаа на SUV-манијата до денес, од Aston Martin, преку Lamborghini до Ferrari, чиј Purosangue неодамна беше претставен.
Ваквата цврста одлука е објаснета во следното прашање. Новинарот го прашал Рениќ дали Rimac ќе произведе поевтин модел од Nevera, во ценовен опсег од 200.000 до 300.000 евра, кој би можел да му конкурира на Ferrari F8, а Рениќ одговорил:
„Сакаме да останеме на страната на високите перформанси. Врвни перформанси, ексклузивност и мали серии.“
Кога сè ќе се сумира, Rimac сигурно нема да оди под Nevera по цена и перформанси, што во превод значи два милиони евра како долна граница.