Дали судиите ја оштетија Барса за два пенала во Мадрид?

Реал Мадрид убедливо со 3:1 ја победи Барселона во првото првенствено Ел Класико оваа сезона. 

Каталонските медиуми се крајно незадоволни од играта на својот тим, но уште повеќе од судиите кои ги прогласија за пристрасни во корист на нивните најголеми ривали и актуелни лидери во Ла Лига.

„Што мора да се случи? Скандалозно, каков пенал не беше свирнат за Барселона“ и „Напад на Алаба врз Левандовски“ се насловите на двата написи на Sport во кои се издвојуваат потенцијални грешки на штета на Барселонба. Според нив, на Барселона ѝ е одземен најмалку еден удар од белата точка, а сметаат дека Реал можел да остане и со играч помалку.

Каталонците сметаат дека им биле одземени два пенала

Кога се во прашање дуелите меѓу Дани Карвахал и Роберт Левандовски, дури две ситуации се спорни и дел од навивачите на Барселона сметаат дека нивниот клуб можел да добие пенал. Една е ситуацијата од 75. минута. Полскиот напаѓач за малку ќе шутираше кон голот, а Карвахал го сопна одзади без да сака да ја игра топката.

„Карвахал стартуваше кај Левандовски и го собори пред сите во шеснаесетникот на Реал во посебна голгетерска шанса“, пишува Sport и додава: „Судијата Санчез Мартинез беше добро поставен, виде сè, но сепак не досуди пенал.“

Фудбалерите на Барселона гласно протестираа, но судијата дозволи играта да продолжи. Тој не отиде во ВАР да ја разгледа ситуацијата, иако играчите тоа го бараа од него. Тој дури го предупреди Чави, кој побара од него да ја објасни одлуката. Некои навивачи го споредија тоа со пеналот досуден за Реал во судиското надополнување.

URL

Втората ситуација, помалку контроверзната, се случи малку порано на натпреварот. Уште една топка на Барселона беше нафрлена кон Левандовски. Полјакот го издржа воздушниот дуел со Милитао, но Карвахал му постави мост и тој падна.

URL

Агресијата на Алаба врз Левандовски

Уште една контроверзна ситуација во која жртва беше полскиот напаѓач е онаа од првото полувреме. Тој остана да лежи по дуелот со Алаба, а снимката открива како бил удрен во лицето од австрискиот дефанзивец. Тој се пожали на судијата и се држеше за лицето.

Мадрид имаше минимална предност во тој момент, а видовме уште една контроверзна акција. Чист удар во лицето, а судијата досуди само прекршок за Барселона. Гути во емисијата по натпреварот изјави дека тоа не било за црвен картон бидејќи Левандовски бил „далеку од топката“.

URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе