Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (RFEF) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
На овој начин спорот дали Барселона е оштетена во поразот од Реал Мадрид од 2:3 поради поништување на голот, кој според Каталонците требало да биде признаен, треба да се реши по судски пат.
Фантомскиот гол на Ламине Јамал и понатаму е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажува управата на „Камп Ноу“. Претседателот на Барса, Жоан Лапорта, побара од Шпанската фудбалска федерација видео и аудио од ВАР просторијата за време на акцијата од која Јамал го постигна голот. Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола да ја предаде снимката на судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во Барселона, да потсетиме, се лути на судиите бидејќи сметаат дека се оштетени за голот во 28. минута од натпреварот на „Сантјаго Бернабеу“. Голманот на Реал, Андриј Лунин, потоа едвај ја исфрли топката од гол-линијата или од голот ја исфрли топката што со удар по корнер ја упати Ламине Јамал. Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн обем.