Дали знаете кое масло треба да го користите за пржење, а кое за салати?

Денес имаме избор на различни видови масло. Поради тоа, многумина се во дилема кое масло се користи за пржење, а кое за правење салати?

Маслиновото масло често е симбол на здрава исхрана, а најчесто се користи за салати бидејќи не е добро да го загревате на висока температура.

Сончогледовото ладно цедено масло исто така е добро за правење преливи за салати, а обичното рафинирано го користиме за печење и пржење.

За што најдобро се користи секој вид:

Кокосово масло

Кокосовото масло е корисна намирница и најбогат познат извор на среден синџир масни киселини (МЦФА). Тие ја регулираат дигестијата и на телото му даваат енергија. Богато е со здрави заситени масти и антиоксиданси. Ја подобрува работата на мозокот, го подобрува имунитетот и овозможува правилна работа на тироидната жлезда.

Најдобро е за готвење, динстање и пржење, не се препорачува за салати. Кога е на собна температура во цврст облик на храната дава посебна арома.

Екстрадевствено маслиново масло

Богато е со здрави масти одлични за срцето, подобрување на здравјето на крвните садови и спречува создавање крвни згрутчувања. Помага во намалување на крвниот притисок и има антивоспалителни дејства. За разлика од останатите видови маслинови масла, екстрадевственото почнува да чади на значително ниска температура, околу 150 степени, што значи дека не е добро за пржење и печење над оваа температура.

Најдобро е за динстање и готвење на пареа, не се препорачува за печење и пржење на високи температури.

Сончогледово масло

Ова е најраспространето масло во нашата кујна. Богато е со витамин Е и е добро за здравјето на артериите и срцето. Овој витамин има силен антиоксидативен ефект, добар е за превенција на стареење на клетките, го стимулира имуносистемот и обезбедува нормален развој на нервите.

Најдобро е за пржење и динстање, не се препорачува за салати.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе