Де Лихт: Уметноста на одбраната е секогаш да го очекуваш најлошото

Младиот дефанзивец на Јуве открива колку многу научил по доаѓањето во Торино и играњето рамо до рамо со великани на фудбалската игра.

Матајс де Лихт пристигна во Јувентус летото 2019 година од редовите на Ајакс после онаа брилијантна сезона на амстердамскиот клуб во Лигата на шампионите кога стигна до полуфиналето. Во Торино се појави еден месец пред да наполни 20 години, како неискусен, но одличен дефанзивец.

А, каде на друго место би можел да го избруси својот дефабзивен талент подобро ако не во Јувентус, клуб кој секогаш важи за одличен во играта во одбрана, особено што покрај него, на тренинг или на натпревар, се великани како Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи и Џиџи Буфон.

„Тука се искусни момци како Кјелини, Бонучи, но исто така и како Буфон Кристијано Роналдо. Сите имаме различни карактеристики, а јас не се обидувам да ги копирам, туку гледам што прави Роналдо и како останува во форма цело време“, почнува Холанѓанецот говорејќи за The Telegraph.

„Ги прашувам за совет. Она што го научив е дека треба да правам работи кои се добри за мене. На крајот на краиштата секој си наоѓа свој ритам“.

Де Лихт сега има 21 година, додека Џанлуиџи Буфон само што наполни 43.

„Тој може да ми биде татко! Смешно е, бидејќи кога го гледам него и начинот на кој се однесува не можам да поверувам дека е двојно постар од мене. Тоа е неговата сила и зошто сѐ уште игра. Игра со глава како да е 29-годишен“, вели тој за неговиот двапати постар соиграч.

Во двете сезони откако е во клубот Де Лихт собра 43 настапи во Серија А или 60 во сите натпреварувања. Тој е иднината на одбраната на „Старата дама“.

„Уметноста на играњето во одбрана се крие во тоа секогаш да го очекувате најлошото. Многумина играчи се коцкаат со тоа дека можеби ќе излезе добро за тимот, но јас секогаш поаѓам од фактот 'што ако мојот соиграч ја загуби топката? Што ако противникот прими топка?'“, открива Де Лихт.

„Така да секогаш размислувам на тој начин да не се доведам во ситуација на преголемо изненадување бидејќи можеш да бидеш и најбрз и најсилен, но ако не си подготвен ќе задоцниш секунда, или дури и стотинка, и толку е. Тоа е најважната работа која ја научив тука“, завршува тој.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе