Децата кои гледаат телевизија повеќе од 2 часа дневно се повеќе склони кон зависности

Децата кои гледаат повеќе од два часа телевизија дневно имаат поголема веројатност да станат зависни од коцкање, цигари, дрога и алкохол кога ќе пораснат.

Научниците од Нов Зеланд ги проучувале податоците на 1000 луѓе од времето кога биле деца до нивната 45-та година. На секои две до шест години се спроведувале анкети за тоа колку често гледаат телевизија, но и дали се коцкаат, пијат алкохол или се дрогираат.

Резултатите покажале дека оние кои гледале повеќе од два часа телевизија дневно на возраст од пет до 15 години имале дури 29 отсто поголеми шанси да имаат проблеми со коцкањето како возрасни отколку оние кои поминувале помалку време гледајќи во екрани. Тие, исто така, имале 20 проценти поголема веројатност да бидат зависници од тутунски производи, алкохол и дрога во споредба со оние кои поминувале помалку време на екранот.

Ова е крајно загрижувачка информација бидејќи една неодамнешна студија покажа дека децата во Америка поминуваат во просек до четири часа гледајќи телевизија, таблет или некој друг екран.

„Ова истражување покажува дека за некои луѓе гледањето телевизија може да биде ран израз на нарушување на зависност или може да доведе до подоцнежно зависно нарушување. Сепак, нашите резултати се набљудувачки, што значи дека сè уште не сме успеале да докажеме дека гледањето телевизија го зголемува ризикот од проблематично однесување кај сите деца. Во овој случај, не можеме да исклучиме други фактори како што се генетиката, влијанието на родителите или отсуството на социјална поддршка“, објаснува Хелена Меканали, експерт за превентивна медицина од Универзитетот во Отаго и една од авторките на споменатото истражување.

реклама

Здравје

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Read more

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Read more

Што се случува во телото ако секој ден јадеме по една лажица мед?

Read more

Симптоми на предијабетес кои не треба да ги игнорирате

Read more
 

Магазин

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Читај повеќе

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Читај повеќе

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Читај повеќе

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Читај повеќе

Некогаш симбол на зрелост, денес црвен аларм: Како цигарите станаа непожелен детаљ во општеството?

Читај повеќе