Deep Robotics го претстави роботското куче Lite3

Компанијата Deep Robotics ја претстави најновата верзија на својот „паметен“ робот со четири нозе на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација во Лондон.

Станува збор за робот наречен Lite3 од истоимената серија, кој се состои од четири различни модели, а основниот Basic чини 2.890 долари. До него се наоѓаат уште три модели Venture, pro и LIDAR кои се дизајнирани за научно-истражувачки и едукативни цели.

Deep Robotics е кинеска компанија специјализирана за развој на роботи со четири нозе и која значително го подобри своето куче-робот. Може да носи до 7,5 кг товар и да функционира до 90 минути со домет од 5 километри. Вртежниот момент е за 50% поголем од моделот Lite2. Така, стабилноста на ротацијата се зголемува, додека потрошувачката на енергија се намалува.

 

„Lite3 има индустриски систем за контрола во реално време со оптимизација на длабочина, прв за овие производи, а вкупната компјутерска моќ е зголемена за трипати. Надградбите на алгоритамот резултираа со поагилно и поодзивно движење. Lite3 може да се качува по скали до 15 см високи, што е блиску до максимумот за четириножни роботи со негова големина, а може да трча со брзина до 4 метри во секунда, може да изведува и хоризонтални скокови, таканаречени предни превртувања и други тешки движења“, соопштија од компанијата.

Најновата технологија е флексибилна и скалабилна и покажува отворена модуларна структура.

Remote video URL

Роботот може да биде опремен со модули за RTK (Real-Time Kinematic), ВИ технологија и разни сензори. Благодарение на неговите интерфејси со перцепција на ниво, LiDAR и длабинска камера, дополнително се развива автоматската навигација, како и автоматско запирање, избегнување пречки, визуелно позиционирање, 3D скенирање и други перцептивни способности.

Lite3 има можност да се движи по предизвикувачки терени и да иницира итни спасувачки мисии, може да врши инспекции на теренот, особено во тешки услови и по несреќи, односно природни катастрофи. Главната цел е да им се помогне на луѓето со повторливи и тешки задачи.

Опремен со комбинирана напредна мобилност и отворена модуларна структура, Lite3 е дизајниран да служи за целите на образованието, истражувањето и иновативната забава. „Паметното“ куче може да изведува и сложени потези како што е превртување на предниот дел. Универзитетите како Цинхуа, Пекинг, Единбург и Лондон го користат роботот за истражувања. Роботот се продава во Јапонија, Јужна Кореја, Северна Америка, Западна Европа и Блискиот Исток. Испораките низ Европа започнуваат во септември оваа година.

Тагови
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе