Џејмс Камерон: Веднаш знаев дека Titan имплодирал, спасувачката мисија беше шарада

Режисерот на филмот „Titanic“ и експерт за подводни работи, Џејмс Камерон, рече дека ја предвидел имплозијата на Титан неколку дена пред да бидат пронајдени остатоците од исчезнатата подморница, нарекувајќи ја потрагата „продолжена кошмарна шарада“.

Режисерот на филмот „Titanic“ и експерт за подводни работи, Џејмс Камерон, рече дека ја предвидел имплозијата на Титан неколку дена пред да бидат пронајдени остатоците од исчезнатата подморница, нарекувајќи ја потрагата „продолжена кошмарна шарада“.

Тој рече дека фокусот во медиумите во текот на следните неколку дена за тоа дека подморницата има 96 часа снабдување со кислород - и дека се слушале звуци од удари - биле „продолжена и кошмарна шарада“.

„Тоа беше само сурово, бавно вртење на завртката четири дена, колку што се сеќавам. Затоа што ја знаев вистината уште во понеделникот утрото“.

„За електрониката на подморницата да се расипе, како и системот за комуникација, а истовремено да откаже транспондерот - јасно беше дека се случил екстремен катастрофален настан - поодморницата била готова“, рече тој.

Подморница управувана од далечина од канадски брод пронајде остатоци на дното на океанот. Но, официјалните лица за пребарување и спасување велат дека мажите најверојатно загинале уште во неделата - пред воените авиони со помош на сонарите во водата да откријат, како што мислеле, звуци на „удирање“ на СОС. Американската морнарица соопшти дека слушнале звук во согласност со имплозија кога комуникацијата била изгубена околу два часа по нивното нурнување. Морнарицата ја пренела таа информација до крајбрежната стража, изјави свиркач.

„За мене немаше сомнеж. Знаев дека подморницата лежи точно под нејзината последна позната длабочина и позиција, и токму таму ја најдоа. Немаше пребарување. Кога конечно пуштија ROV таму долу што можеше да ја совлада длабочината, ја најдоа за неколку часа. Веројатно за неколку минути“.

Камерон, кој 30 пати го посетил најпознатиот потонат брод во светот, рече дека оваа трагедија има паралела со катастрофата на „Титаник“, каде што капетанот постојано ги игнорирал предупредувањата за санта мраз што им била на патот и продолжил да плови со максимална брзина.

„Сега имаме уште една руина заснована, за жал, на истите принципи да не се слушаат предупредувањата“, рече тој.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе