Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје

Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев,

Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани кои сакаат да дојдат во Скопје. 

Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањето во црквата Свети Спас, се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов. 

– Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точни. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев.

Тој додаде дека има листа со бугарски државјани на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи, таа листа не е голема.

– Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Северна Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев.

Тој планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со него да ја одбележат годишнината од раѓањето на Делчев.

– Гоце Делчев е личност, која ѝ припаѓа на историјата и не може почитта кон таква личност да се изразува со насилство. Почитта се изразува со уважување. Насилството ги урива мостовите и ако сакаме да бидеме дел од Европа, треба да градиме, а не да уриваме, нагласи Демерџиев и ги повика политичарите да не подлежат на никакви провокации.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе