Дени Мастерсон осуден на 30 години затвор за силување

Американскиот актер Дени Мастерсон е осуден на затворска казна од 30 години до доживотно за силување на две жени.

Мастерсон глумеше во популарната ТВ серија „That '70s Show“ (кај нас позната како „Луди 70-ти“), која се емитуваше во времето кога ги изврши злосторствата во раните 2000-ти. Обвинителите тврдеа дека тој се потпирал на неговиот статус како истакнат член на Скиентолошката црква за да избегне последици.

Судијата Шарлејн Олмедо им дозволи на неговите жртви да читаат изјави пред судот пред изрекувањето на пресудата.

Поранешната истакната членка на Скиентолошката црква, актерката Леа Ремини, беше на сослушувањето и ги тешеше жените пред и откако ќе ги прочитаат изјавите.

„Посакувам порано да го пријавив во полиција“, изјавила една од жените.

„Ти простувам. Нема повеќе да ја поднесувам твојата болест“, рекла друга.

Мастерсон не кажал ништо на суд, а додека судијата ја читал пресудата и изрекол максимална казна, неговата сопруга Бижу Филипс заплакала.

Мастерсон беше прогласен за виновен во мај на повторното судење, откако првата порота не можеше да донесе пресуда во 2022 година. Откако беше осуден, актерот беше приведен поради ризик од бегство. Тој беше осуден откако три жени сведочеа дека сексуално ги нападнал во неговиот дом во Холивуд помеѓу 2001 и 2003 година, кога бил на врвот на својата слава. На судот му било кажано дека им давал дрога пред да ги злоупотреби.

Судот го прогласи за виновен за силување на две од трите жени кои го обвинија.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе