Денот на мртвите: Како смртта станала национален симбол на Мексико?

Черепи на олтари, свеќи во мрак и скелети кои шетаат по улици. Не, не станува збор за хорор филм, туку за Денот на мртвите, празник кога Мексиканците се собираат за да го обноват сеќавањето на починатите.

Во својата позната збирка есеи „El laberinto de la soledad“ (лавиринт на осаменоста), мексиканскиот нобеловец Октавио Пас вели:

„Мексиканецот ја познава смртта, се шегува на нејзина сметка, ја милува, спие со неа и слави со неа. Тој за смртта мисли како за омилена играчка и најдолговечна љубов. Смртта барем не е скриена, ја гледа в лице, со нестрпливост, презир или иронија“.

Денот на мртвите, или оригинално Día de los Muertos, во Мексико се прославува секоја година и тоа три дена, од 31 октомври до 2 ноември.

Тогаш семејствата се собираат за на радосен начин им оддадат почит на починатите учествувајќи во прослава која влечи корени од паганските обичаи на Ацтеките.

Членови на семејството нудат храна, пијачки, па дури и играчки на олтарите за да ги намамат душите за време на празникот.

Во многу делови на Мексико семејствата на 1 ноември се потсетуваат на починатите деца, често споменувајќи ги како „анхелитос“ (ангелчиња). Нивните гробови се украсуваат со играчки и балони. Ден подоцна се слави Денот на сите души (Día de los Fieles Difuntos), посветен на починатите возрасни.

Затоа, Пас бил во право кога тврдел дека секојдневниот живот на просечниот Мексиканец е преполн со слики на смрт. Постои дури и озлогласен култ на Светата смрт (La Santa Muerta). Светата смрт е прикажана во форма на женски скелет облечен како светица, со коса во рака. Следбениците, меѓу кои обично има припадници на пониските класи и криминалци, обично оставаат текила, рум, пиво, цигари, пари, цвеќиња и свеќи на олтарот. Иако приврзаниците се нарекуваат католици, Католичката црква го осудува култот.

Но, поради што смртта станала толку важен симбол во мексиканската култура?

Всушност, постојат разни важни културни и политички причини. Професорот Клаудио Ломник тоа го објаснува вака: „Национализацијата на иронична интимност со смртта е мексиканска стратегија“.

Првата се заснова на религиозните верувања кои постоеле пред освојувањето на Мексико од страна на Шпанија. Ацтеките верувале дека Земјата е родена од жртвата на боговите. Човечката жртва била неопходна за да се одржи животот на Сонцето. Многумина веруваат дека овој култ на жртвување сè уште е влијателен.

Друга причина е што овие верувања на некој начин се рефлектирале во ставовите на Шпанците, кои исто така имаат своја „култура на смртта“. Имено, приказите на Христовото страдање се особено нагласени во Шпанија, а населението често на различни начини се потсетува дека смртта е неизбежна и дека сите на крајот се соочуваат со неа, без разлика на социјалниот статус.

Меѓутоа, веројатно најважната причина за усвојување на симболот на смртта била потрагата по мексиканскиот идентитет по Мексиканската револуција (1910-1920). По оваа крвава граѓанска војна, а особено по формирањето на Институционалната револуционерна партија (ПРИ) во 1929 година, концептот на смртта станал полуофицијална доктрина.

Симболот на смртта, кој комбинирал ацтешки и шпански мотиви, на тој начин станал мексикански идентитет кој одговарал на доктрината промовирана од владата. Со оваа тема се занимавале многубројни револуционерни интелектуалци, а владејачките партии го поттикнувале одбележувањето на Денот на мртвите. Било неопходно да се промовира смртта, бидејќи нема ништо пореволуционерно. Нема подобро потсетување дека на крајот сите сме еднакви.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе