Дензел Вашингтон ќе го игра Ханибал во историски филм на Netflix

Двојниот оскаровец Дензел Вашингтон повторно се здружува со Антоан Фуква, со кого работеше на Training Day и The Equalizer.

Овојпат, талентираното дуо ќе работи на сè уште ненасловен историски еп на Netflix, во кој Вашингтон ќе го глуми војсководецот Ханибал, пренесува Variety.

Сценариото за овој амбициозен проект го напиша Џон Логан, кој зад себе има три номинации за Оскар за неговата работа на филмовите Aviator, Gladiator и Hugo.

Филмот ќе го следи животот на картагинскиот генерал Ханибал, кој според многумина е еден од најголемите воени стратези на сите времиња. Главниот фокус на филмот ќе бидат неговите значајни битки за време на Втората пунска војна против Римската Република, кога Ханибал маршираше во Италија на грбот на воени слонови.

Под водство на Ханибал, Картагина извојувала неколку победи против Рим и контролирала голем дел од јужна Италија цели 15 години, додека Ханибал конечно не бил поразен во битката кај Зама во 202 година п.н.е.

Освен што глуми во филмот, Вашингтон ќе биде и продуцент, заедно со Ерик Олсен, Адам Голдворм и Фуква.

Фуква и Вашингтон неодамна работеа на третиот дел од The ​​Righteous, кој излезе оваа година, а познатиот актер моментално работи на Gladiator 2, кој е во режија на Ридли Скот.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Филм & ТВ

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Read more

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Read more
 

Сцена

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе

Свини разочарана: Никој не зборува за мојата глума поради голотијата во Euphoria

Читај повеќе