Дерматолозите предупредуваат на TikTok хитот за забрзано сончање со пиво

На социјалните мрежи често се појавуваат совети, со чија помош можете да решите разни потешкотии и да го олесните секојдневието.

Но, пред да одлучите да испробате некои нови трендови кои се однесуваат на вашето тело, прво треба да се консултирате со вашиот лекар, бидејќи можат да направат повеќе штета отколку корист.

Имено, на TikTok неодамна се појави трик за побрзо потемнување на кожата со помош на пиво. Како што покажуваат различните видеа, треба само да истурите пиво од шишето директно на вашата кожа, а потоа да се изложите директно на сончева светлина.

Меѓутоа, дерматологот од клиниката во Кливленд, д-р Шилпи Кетарпал, предупреди дека потемнувањето со пиво може да има многу штетни ефекти врз вашата кожа.

„Бев шокиран. Зошто некој би го направил ова? Мислам, покрај сè она што го мислиме за изложеноста на УВ и излегувањето надвор без крема за сончање. Зошто би ставиле нешто лепливо и неуредно по целото тело“, вели дерматологот.

Истакна дека пивото всушност може да ја спречи вашата кожа да дише, што би можело да ве направи поподложни на топлотен удар и дехидрација. Исто така, ја остава вашата кожа незаштитена од штетните сончеви зраци.

Наведе дека целосно треба да го избегнеме овој тренд и дека има многу подобри начини доколку сакаме да го забрзаме процесот на потемнување на кожата. Популарните креми за потемнување се подобра опција, но доколку сакаме да се заштитиме од сончевите зраци, најдобро би било да користиме стандардни креми за сончање.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Здравје

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе