Десетина села во Кичевско сè уште без електрично напојување

Снегот кој во саботата наврна во земјава им создаде многу неприлики на селаните од повеќето рурални средини во Кичевско, бидејќи дел од селата имаат тешко проодни патишта, а десетина села останаа без електрично напојување три и повеќе дена.

И покрај интензивната акција што ја спроведе ЕВН, сепак поради тешко пристапниот терен и непроодните патишта сè уште десетина села се без електрично напојување.

-Поради искинати електроводови и и паднати електрични столбови десетина села во кичевскиот регион сè уште се без електрично напојување. Електрична струја немаат селата: Прострање, Црско, Кладник, Карбуница, Душегубица, Иванчишта, Ехловец, Малкоец и Тајмиште. Екипи на ЕВН секојдневно се на терен, но тешко пристапните делови во регионот каде што има паднати електрични бандери или искинати електроводови, придонесоа веќе четвртти ден жителите од овие селски населби да немаат струја. Во текот на денешниот ден се очекува во поголем дел од овие села да се обезбеди електрично напојување и да се отстранат постоечките дефекти, информираа од РЦУК ПО Кичево.

Жители од овие селски населби се жалат дека залихите на месо во фрижидери постои опасност да се расипат и да станат неупотребливи, и затоа очекуваат во текот на денежниот ден конечно и во нивните села да се воспостави нормално снабдување со електрична струја.

Инаку, поради ниските температури во ноќните саати, патиштата до ридско-планинските села во Кичевијата се тешко проодни и лизгави и при движење на возилата се бара поголема внимателност токму поради лизгавите коловози. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе