Десетката на Меси Барса му ја дава на Кутињо?

Нема само што нема да си замине, туку Бразилецот дури и веројанто ќе ја наследи десетката на заминатата легенда.

Откако со месеци безуспешно се обидуваше да најде купец за Филипе Кутињо, како што информираат шпанските медиуми, Барселона не само што се помирила со фактот дека Бразилецот ќе остане на „Камп Ноу“, туку дури и му го понудила дресот кој досега го носеше Лео Меси.

Оваа навидум неверојатна вест ја пренесоа двата од трите најреномирани шпански спортски весници, Marca и Mundo Deportivo.

За останувањето на Кутињо во тимот зелено светло дал тренерот Роналд Куман кому по заминувањето на Меси му е потребен играч од калибарот на бразилскиот креативец.

Кутињо ѝ се приклучи на Барселона во зимскиот преоден рок од сезоната 2017/18 кога дојде од Ливерпул како големо засилување за 135 милиони евра. Но, се мачеше да се вклопи, па сезоната 2019/20 ја мина на позајмица во Баерн каде се препороди и ја освои Лигата на шампионите. Доби втора шанса во Барса, почна добро, но потоа се повреди и повторно заринка.

Барса летово сакаше, но не успеа да дојде до услугите на Џорџињо Вајналдум, па со оглед на тоа што ѝ недостасуваат офанзивци од средината, Кутињо е логичен избор.

Но, десетката по 13 сезони на грбот на Меси едностано делува чудно да ја носи друг...

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе