Radio Monte Carlo (RMC), пишува дека Мурињо е главен и единствен кандидат да ја преземе клупата на францускиот шампион ПСЖ од Кристоф Галтје на крајот од актуелната сезона.
Жозе Мурињо бил подготвен да ја напушти Рома по завршувањето на сезоната. Португалецот незадоволен од односот на газдата на клубот, кој му соопштил дека не може да му ги обезбеди бараните засилувања, започнал да ги разгледува понудите од другите клубови.
Дека Галтје нема да остане во Париз стана јасно кога ПСЖ го заврши својот настап во Лигата на шампионите. „Светците“, во осминафиналето беа елиминирани од Баерн.
Истиот медиум пренесува дека Мурињо во последните две недели веќе имал една понуда за заминување од Рома, онаа на Челси, но категорично ја одбил бидејќи смета дека моменталната ситуација во лондонскиот клуб не е доволно стабилна.
Како што пишува РМЦ, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, веќе е длабоко во преговори со Португалецот и се очекува да постигне договор до летово.
Мурињо наводно претходно одлучил дека на лето ќе ја напушти Рома без разлика како ќе заврши сезоната, а причината е што сопствениците му рекле дека не можат да ги доведат играчите што ги бара за понатамошен раст на клубот.