Девојче спасено откако 24 часа минало под урнатините во Бејрут
На социјалните мрежи е објавена драматична снимка која прикажува спасување на девојче кое минало 24 часа под урнатините во Бејрут.
Во вторникот навечер се случија две силни експлозии во Бејрут при што загинаа најмалку 135 луѓе, а повредени се повеќе од 4.000. Спасувачките тимови сè уште се на терен и се обидуваат да ги пронајдат и спасат преживеаните.
По 24 часа од експлозиите, под уранитите е пронајдено и девојче кое е во добра здравствена состојба. Експлозиите се случија на пристаништето во Бејрут, каде експлодираа 2.700 тони амониум нитрат.