Димитриевски: Чиста мрежа и повеќе реализирани шанси против Црна Гора
Македонската единица, Столе Димитриевски, присуствуваше на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот пријателски натпревар со Црна Гора во Анталија.
Меѓу другото, Димитриевски изјави: „Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене е посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути“.
Македонија и Црна Гора играат в понеделник од 18 часот со директен пренос на МРТ 3 и снимка на Arena Premium 3 вечерта од 23:30.