ДИК брзо да почне постапка за набавка на апарати со отпечаток од прстот, апелира Заев

„Апелирам Државната изборна комисија (ДИК) брзо да влезе во постапката за набавка на апарати за гласање со отпечаток од прстот за да може да се исполни ова законски вградено решение затоа што постои во Законот“, изјави денеска премиерот Зоран Заев пред Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

„Ќе направиме сè да набавиме тоа што зависи од нас. Министерот за финасии реагираше конкретно – пари во буџетот има, ако фалат – имаме ребаланс. Секако за тоа да се направи дадовме писмено одобрение од страна на Финасии за да може претседателот на ДИК и целата ДИК да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток од прстот“, рече Заев.

Тој верува дека ќе се стигне тоа да се сторат до локалните избори, бидејќи, како што рече, има уште околу осум месеци, а со современите европски технологии очекува тоа брзо да се направи.

„Тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес. што е многу важно. Врв на демократијата е гласањето. Апелирам до ДИК, сите владини служби стоиме на располагање, да инсистираме брзо да се направи набавката“, посочи Заев.

Премиерот додаде оти разговарал со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој му посочил дека се подготвени целата база да ја дадат на ДИК, односно, како што рече, се работи за трансфер на информатички податоци, што, според него, е лесно спроведливо. 

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе