ДИК: Важечки се ливчињата на кои е заокружен редниот број на подносителот на листата

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа првата прес-конференција по отпочнувањето на трите денови гласање во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани соопшти дека право на глас имаат 1.814.263 граѓани и оти во овие три дена ќе гласаат различни категории граѓани.

Денеска започна гласањето на 706 лица болни од COVID-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица.  Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.

За овие избори акредитирани се 2.508 домашни набљудувачи, и 96 странски, како и 56 преведувачи и 55 странски новинари.

Шабани истакна дека согласно Упатството на ДИК на гласачкото ливче се заокружува редниот број на подносителот.

-Согласно Изборниот законик и упатството донесено од ДИК, граѓаните своите гласачки ливчиња треба да ги одбележат со заокружување на редниот број на подносителот на листата. Напоменувам, со заокружување на редниот број на подносителот на листата, ниту еден друг знак не смее да биде ставен на гласачкото ливче бидејќи во таков случај, гласачкото ливче ќе биде сметано за неважечко, рече Шабани.

Со цел граѓаните да можат да ја известуват ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес ДИК ќе го има активен бесплатниот телефонски број 0800-555-44 додека за комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор ќе биде активен телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комунициираат со ДИК. За сите останати граѓани на располегање е биде веб страната на ДИК www.sec.mk, како и на социјалните мрежи на Фејсбук и Твитер и на каналот на Јутјуб.

Ова се најспецифичните избори досега бидејќи се одржуваат со задолжителна препорака за почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Кој, како и кога ќе гласа?

Почнува тридневното гласање за десетите парламентарни избори, петти предвремени од независноста на земјата. Ова се најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба да се почитуваат, како од страна на граѓаните со носење маска, држење растојание, така и од страна на членовите на избирачките одбори, набљудувачите и сите други вклучени во процесот. Гласањето денеска почнува токму со лицата со COVID-19 и во самоизолација, чии барања беа прифатени од Државната изборна комисија, а го спроведуваат посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Во Избирачкиот список за овие избори се запишани 1.814.263 полнолетни граѓани со право на глас. Овој пат во Избирачкиот список се ставени и сите лица кои до 15 јули ќе станат полнолетни односно ќе наполнат 18 години.

Според информациите од Државната изборна комисија во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.729.189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

На овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората, бидејќи за време на пријавувањето кое се случи пред прогласувањето на вонредната состојба, не се пријавија доволен број наши државјани. Сепак, иселениците ќе можат да гласаат доколку допатувале во нашата земја со важечка патна исправа.

Исто така, ДИК најави дека на изборите ќе можат да гласаат и лица со патна исправа чие важење истекло од прогласувањето на вонредната состојба, а е продолжено со уредба со законска сила на владата до 30 јули.

Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово има 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33. 278 и.т.н. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 гласачки места, а ќе се гласа за 15 политички партии и коалиции коишто вкупно имат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите и го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5, а Народна партија на Ромите само во втората изборна единица. ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици.

Гласачките места на 15 јули (среда), кој е прогласен за неработен ден, ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а изборниот ден завршува два часа подоцна од вообичаено, односно во 21 часот. Гласањето е продолжено поради мерките за заштита од COVID-19. Поради тоа исто така е сменета и локацијата на околу 10 отсто од гласачките места, поради тоа што не ги исполнувале препораките на здравствените власти.

ДИК, учесниците на изборите, сите вклучени во процесот повикаа првенствено на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, но и на почитување на демократските стандаради, на фер и слободни избори.

 

Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот тие беа одложени, а потоа презакажани за 15 јули, по долги преговори на политичките партии.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, земјата е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да организира фер и демократски избори.

Тагови
реклама

Македонија

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more
 

Вести

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе