Димитриевски: Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот

И градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го прокоментира настанот со потпалувањето на влезната врата од бугарскиот културен клуб во Битола кој го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, како и експресното апсење на сторителот - пејачот Ламбе Алабаковски.

Коментарот на Димитриевски, кој победи на локалните избори дури и против својата матична партија СДСМ, го пренесуваме во целост:

„Најпрво, осудувам секаков вид на насилство, безредие и непочитување на законите.
Непочитување на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава.

Но, сепак сакам да кажам неколку реченици што верувам дека секој МАКЕДОНЕЦ интимно ги чувствува:

1. Се отвора здружение на граѓани под име Ванчо Михајлов, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот негов живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отворање на здружението од официјални и надлежни институции а притоа надлежните во државата на чело со МВР молчат и мудро калкулираат.
2. Следува реакција на јавноста која што, нормално, е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции, но предходно добро избалансирани за да не им биде замерено од официјална Софија.
3. Подоцна откако ЛАМБЕ го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и фашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и триумфалистички се елаборира професионалноста на службите.
4. Секоја чест на професионалците во МВР и Обвинителството кои што брзо и експедитивно ја завршиле работната задача, секој сторител треба да биде откриен и санкциониран.

- ГО ПРАШУВАМ Министерот на МВР Спасовски

1. Го откри ли сторителот за Пајакот кој што удри полицајка?
2. Го откри ли сторителот на каубојското пукање во Чаир?
3. Го откри ли сторителот на незаконската градба на споменикот во Слупчане?
4. Ги откри ли одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово? (или таму кабелот ќе остане виновен?)
5. Ги откри ли сторителите кои помогнаа во бегството на Груевски?
...уште многу прашања без одговори.

- Има ли еднакво правда за сите во државата?
- НЕ, НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР.
- ДЕНЕСКА СКОКНА ЛАМБЕ, УТРЕ ЌЕ СКОКНЕ НАРОДОТ! - Вие ќе бидете виновни“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе