ЛА ЛИГА 2021/22

Димитриевски: Тешко е во Примера да не примиш гол, особено против Барса

Македонската репрезентативна единица синоќа беше јунак за Рајо Ваљекано и со одбарнет пенал се погрижи големата Барселона да си замине дома поразена, а Куман да добие отказ.

Радамел Фалкао го постигна победничкиот гол за Рајо, но Македонецот Столе во 72. минута му одбрани удар од белата точка на Мемфис Депај и не дозволи Барса да израмни на 1:1.

„Беше неверојатен натпревар. Уживавме многу и сме пресреќни што дојдовме до победа која за нас е многу важна. Го направивме она што требаше да го направиме, она што од нас го побара тренерот. Ја игравме нашата игра, ни се пружи шанса и постигнавме гол“, вели Столе за натпреварот.

„Се подготвувавме напорно, трениравме и гледавме многу видеа што на крајот тоа ни донесе резултат, ни донесе три бода од овој натпревар“.

„На крајот завршивме без примен гол, нешто што во Примера е тешко остварливо, особено против Барса. Навистина сум пресреќен и презадоволен поради тоа“.

Remote video URL

Рајо Ваљекано е хит во новава сезона и со овие изненадувачки три бода сега има 19 и е на 5. место, барем до комплетирањето на ова 11. коло. Рајо и Столе лани настапуваа во втората лига.

А, пак, нивниот противник по натпреварот му врачи отказ на тренерот Роналд Куман.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе