Диносаурусите имале големи проблеми уште пред да удри астероидот

Научната заедница се согласува дека падот на астероидот ѝ нанел последен удар на ерата на диносаурусите и ги осудил овие животни на истребување.

Но, палеонтолозите веќе некое време расправаат за тоа каков бил животот за овие фасцинантни суштества пред падот на фаталниот метеор, прашувајќи се дали тие како вид имале сериозни проблеми порано.

Најновите истражувања покажуваат дека - имале. Поточно, нивната пропаст почнала 10 милиони години пред огромниот астероид да го погоди брегот на денешно Мексико. Овој катастрофален настан им го задал последниот удар, по што веќе не можеле да се опорават.

Историскиот удар на астероидот го создал кратерот Chicxulub со дијаметар од скоро 200 километри, ослободувајќи гасови што ја смениле климата на целата планета; што на крајот предизвикало смрт на три четвртини од живите суштества од тоа време, пишува CNN.

Проблемот бил глобалното ладење?

Научниците испитале 1.600 фосили на диносауруси, кои припаѓаат на 247 различни видови, за да се процени разновидноста и стапката на истребување за шест семејства диносауруси.

„Ги испитавме шесте најраспространети семејства на диносауруси за време на периодот Креда. Откривме дека тие еволуирале и се ширеле во поголемиот дел од времето од пред 150 до 66 милиони години“, рече еволутивниот биолог Фабиен Кондамин од Institut des Sciences de l'Evolution de Montpellie во Франција.

„Но, забележавме голем пад пред 76 милиони години. Нивната стапка на истребување се зголемила, а во некои случаи и стапката на создавање на нови видови“, додаде тој.

Експертите веруваат дека за стапката на истребување на диносаурусите придонес имало глобалното ладење на климата за време на доцниот период Креда (пред 100-66 милиони години). Дополнително, некои видови диносауруси, како што се хадросаурусите, можеби биле особено успешни во прилагодувањето кон животната средина и еволутивно побројни од други тревопасни животни, што доведува до пад на различноста на видовите.

Два главни фактори кои придонеле за истребување

„Ние веруваме дека постојат два главни фактори кои придонесоа за истребување на диносаурусите. Првиот е дека климата станала постудена што го отежнувало животот на диносаурусите навикнати да живеат на потопли температури. Тогаш системите станале понестабилни поради исчезнувањето на тревојадите. Откривме и дека диносаурусите кои имале подолг животен век биле склони кон истребување, веројатно затоа што не можеле да се прилагодат на новите услови на Земјата“, вели тој.

Студијата Dinosaur biodiversity declined well before the asteroid impact, influenced by ecological and environmental pressure е објавена во списанието Nature Communications.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Наука

Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Read more

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Read more

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Read more
 

Гик

Колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram?

Читај повеќе

OnlyFans казнет со 1,05 милиони фунти во Британија

Читај повеќе

Слушате музика која околу не се слуша: Нова технологија менува сè - без кабли, без слушалки

Читај повеќе

Кинезите први во светот трансплантираа модифициран свински црн дроб на човек

Читај повеќе

Гумите за џвакање испуштаат стотици честички микропластика во устата

Читај повеќе

Приказна од антиката: Како Милон од Кротон го измислил прогресивниот тренинг?

Читај повеќе

Папуа Нова Гвинеја го блокираше пристапот до Facebook поради лажни вести и порнографија

Читај повеќе
  • play_arrow

Indiana Jones and the Great Circle во април доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

ФБИ предупредува на кои веб-страници ризикувате кражба на податоци

Читај повеќе