Disney го престигна Netflix, но и понатаму е загубар

И покрај импресивниот раст на бројот на претплатници, компанијата Disney ги зголеми загубите што ги трпи од своите стриминг услуги.

Стриминг платформата Disney+ во својот извештај за третиот квартал објави дека 12,1 милиони нови членови се претплатиле на нејзината услуга, што е за 3 милиони повеќе од очекувањата на аналитичарите. Севкупно, компанијата Walt Disney доби 14,6 милиони нови претплатници на своите услуги Disney+, Hulu и ESPN+, со што вкупниот број на претплатници достигна 236 милиони.

Иако Disney+, со 164 милиони претплатници, допрва треба да ги достигне бројките што ги има Netflix, овие три услуги заедно имаат споредлив број на корисници како најпопуларна платформа за стриминг во светот, која во последниот извештај објави дека привлекла 2,4 нови корисници, односно дека 223 милиони луѓе се претплатиле на нивната услуга.

И покрај импресивниот раст на бројот на претплатници, оперативната загуба на компанијата Disney се зголеми од 0,8 милијарди на 1,5 милијарди долари во последниот квартал, од кои најголем дел од загубите доаѓаат од трошоците за производство и технолошки развој на услугата Disney+, како и зголемување на трошоците за маркетинг. Загубите ќе беа уште поголеми доколку компанијата не ги надоместеше со повисоки трошоци за претплата, кои во декември ќе станат уште поголеми.

Извршниот директор на Walt Disney, Боб Капек, рече дека очекува загубите да се намалат во иднина благодарение на зголемувањето на цените и лансирањето на нов план за претплата поддржан од реклами – слично на Basic with ads на Netflix. Компанијата дури верува дека Disney+ е на пат да достигне профитабилност во фискалната 2024 година, под претпоставка дека нема големи економски пресврти.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Филм & ТВ

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе