Disney го претстави првиот тизер за „Aladdin“
Синоќа Disney го претстави официјалниот тизер за новиот долгометражен филм „Aladdin“, базиран на истоимениот анимиран филм од 1992 година. Во него, култната улога на магичниот дух која во анимираниот филм му припаѓаше на Робин Вилијамс, сега ја толкува Вил Смит.
Британскиот режисер Гај Ричи го напиша сценариото и го режираше новиот „Aladdin“, кој се очекува да биде новиот боксофис хит на Disney. Покрај Вил Смит, во филмот се појавуваат уште и Наоми Скот, Били Магнусен, Мена Масуд и Насим Педрад.