До 15 јуни забранет влез во Грција за државјани на трети земји

Грчката влада одново да ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската Унија и Шенген зоната“, е заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, која веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

До утре во 15 часот во сила е одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија; привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и забранет е влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

Во однос на тоа дали оваа мерка на грчката Влада ќе биде продолжена, но и како ќе се одвива копнениот туризам во Грција, кој е важен дел не само за северниот дел на земјата, туку и за туристите од балканските земји и дали можеби ќе се бара посетителите пред патувањето да треба да имаат направено тест, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите,  рече дека сѐ ќе биде вклучено во владиниот план за туризмот што ќе се презентира во следните денови.

- Ќе постојат неопходните измени, за сите туристи, навремено да знаат што ќе се случи и каде смеат и каде не смеат да се движат, но што се однесува генерално на протоколите и што се однесува на прашањата во врска со планот за туризмот, ќе треба да почекате неколку денови за да имате целосни одговори, рече Пецас.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе