Додека Брус Вилис е во пензија, неговиот „дигитален близнак“ снима реклами

Минатата недела светските медиуми ја пренесоа веста  дека Брус Вилис ги продал правата за неговото лице на компанија која креира дигитални двојници. Но, неговиот портпарол негира дека станува збор за тоа, пренесе BBC.

Компанијата Deepcake се занимава со создавање виртуелни близнаци на различни актери, односно ги подмладува актерите во одредени нискобуџетни филмови.

Вилис се пензионираше во март годинава откако неговото семејство соопшти дека страда од афазија, состојба што влијае на неговиот говор. Но, BBC пренесе дека портпаролот на Вилис негира постоење на какво било партнерство или договор со компанијата.

Од друга страна, Deepcake за BBC тврди дека станува збор за погрешна формулација, Брус не ни може некому да продаде права кои нормално си се негови, но дал согласност пред да дознае дека боледува од афазија.

URL

„Тој ни даде негова согласност и многу материјали за да создадеме негов дигитален двојник“, тврдат од Deepcake.

Компанијата тврди дека поседува уникатна библиотека од фотографии и видеа со висока резолуција од различни славни личности, инфлуенсери и историски личности.

На интернет сајтот, Deepcake ја промовира својата работа со цитат токму од Брус Вилис:

„Ја сакам прецизноста на мојот лик, тоа е огромна шанса за мене да се вратам назад во времето“.

Од компанијата тврдат дека со актерот работеле на вештачка интелигенција за реклама, па дури и ги препорачал на неговата интернет страница. Портпаролот на Вилис тоа не го потврди за BBC.

Deepfake компаниите користат вештачка интелигенција за создавање реалистични симулации на славни личности. Така, виртуелниот двојник на Вилис се појави во реклама за руската телеком компанија МегаФон минатата година.

Remote video URL

Со помош на вештачка интелигенција е создаден „дигитален близнак“ на основа на 34.000 фрагменти од фотографии од филмови како Die Hard и Fifth Element. На тој начин, актерот веќе бил дел од реклама за руската телекомуникациска компанија МегаФон.

Целата конфузна ситуација со оваа нова технологија отвори прашања колку правила и прописи недостигаат за целата работа правилно да се регулира.

Минатата недела актерот Џејмс Ерл Џоунс ги предаде правата на гласот за ликот на Дарт Вејдер од Star Wars на украинскиот стартап Respeecher, кој ќе користи архивски снимки и алгоритам на вештачка интелигенција за да го создава гласот на Џоунс за идните проекти.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе