Додека Георгина живее во луксуз, нејзината полусестра едвај преживува

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригес живеат луксузен живот, а одредени интимни моменти споделуваат и со јавноста. Сепак, тоа не е случај со полусестрата на Георгина која јавно побара помош и соопшти дека не добива финансиска поддршка од неа.

Патриција Родригес откри дека живее без помош од нејзината полусестра Георгина. Како што истакна, веќе три години нема постојано живеалиште, додека Георгина живее луксузен живот, во скапи вили и постојано патувајќи низ светот.

„Без денар сум и мојата полусестра не ми помага. Најмногу ме боли поради децата, не за мене. Јас можам да го истерам денот и со парче леб, но што е со нив? Тие се нејзини внуци. Воопшто не го очекував ова од неа“, призна Патриција за шпанската телевизија Socialite.

Оваа 33-годишна жена истакна дека понекогаш има колку да купи храна и плати кирија, дека се бори за да преживее.

Односот со Георгина е особено турбулентен по смртта на нивниот татко во 2019 година, а Патриција откри дека полусестрата целосно ги „исфрлила“ од животот.

Таа јавно се обрати на Георгина и ѝ порача:

„Георгина, ми треба помош, ти си моја сестра. Знам дека немаш никаква обврска или одговорност, но бидејќи ги поддржуваш другите и си толку добра кон нив, барем биди таква и со твоите внуци. Ако не сакаш мене да ми помогнеш, барем ним помогни им“, изјави очајно Патриција.

Двете полусестри се од ист татко, а од различни мајки. Откако мајката на Патриција починала, дошла да живее со таткото и полусестрите. Пред неколку години, во едно од првите интервјуа за медиумите, изјави дека отсекогаш се чувствувала „одвоено“ од нив.

Не е првпат блиските роднини на Георгина да се жалат од нејзиниот однос.

„Се срами од семејството и веројатно смета дека е подобра од нас, бидејќи не живееме луксузен живот како неа“, изјави нејзиниот чичко Хесус Ернандес.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Живот

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Read more

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Read more
 

Магазин

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Читај повеќе

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе