Доделени годишните награди на ДПМ за најдобри книжевни дела во 2021 година

Скопје, 12 февруари 2022 (МИА) – Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во пресрет на 75-годишнината од основањето ги додели годишните награди на добитниците за 2021 година.

Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување минатата година ја доби Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на  „Паблишер“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга  му припадна на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“ во издание на  „Дијалог“.

Наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка му е доделена на Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ во издание на „Панили“.  Наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ на издавачката куча „Паблишер“.

Во обраќање по повод годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија, неговата претседателка Соња Стојменска-Елзесер истакна дека ДПМ денес има околу триста активни членови од различни генерации и со различни стилски и жанровски профилации.

-Тие денес се исправени пред многу предизвици: какви ќе бидат патиштата на литературата во иднина? Ќе опстои ли во своите познати рамки или ќе се модифицира? Новите технологии и медиуми, новите начини на комуникација, новите животни стилови, новата нормалност… што тие ќе значат за книжевниот израз? Како ќе се вклопат писателите во процесите на книжевниот пазар… И, особено важно, како ќе се презентираат и афирмираат домашните специфики пред странската читателска публика? Сите овие и многу други прашања се поставуваат пред писателите денес, рече Стојменска-Елзесер.

На годишнината од основањето, ДПМ има шест нови членови – автори кои, како што информира писателската асоцијација, добиле некоја од престижните книжевни награди и веќе стекнале сериозна писателска репутација.

Претседателството на ДПМ овојпат одлучило да направи исклучок од вообичаената практика на проширување на бројот на членови преку јавен повик на кој се пријавуваат кандидати и директно да покани за членство.

Поканата за членство во ДПМ ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска-Анѓелков и Никола Маџиров.

-Се радуваме и го поздравуваме нивното зачленување во ДПМ и очекуваме нивната понатамошна активност да внесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност, соопшти ДПМ.

На 13 февруари 1947 година Друштвото на писателите на Македонија го основале: Блаже Конески, Димитар Митрев, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ристо Крле, Иван Точко, Венко Марковски, Владо Малески, Ацо Шопов и Коле Чашуле.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Култура

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Read more

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more
 

Вести

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе