Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Макфакс
/ 29.04.2024 / 10:31

Во голема експлозија во воена база во Југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува Sky News, од експлозијата се оштетени покривите на околните куќи. Воената база во која се случи експлозијата се наоѓа во провинцијата Кампонг Спеу.

„Оштетени се 25 куќи во близина. Оштетени се 4 згради во воената база, како и неколку воени возила“, изјави полковникот Јунг Сохон.

Откако се слушнала експлозијата, војската веднаш го затворила патот до базата, додека селаните во паника барале безбедно место, пренесува Sky News.

Продолжен топлотен бран се случува во Камбоџа. Во провинцијата каде што се случи експлозијата, вчера највисоката температура беше 39°C.

URL

Иако високите температури обично не ја активираат муницијата, тие можат да ја нарушат стабилноста на експлозивот. Ризикот е дека мала експлозија може да започне верижна реакција и да доведе до пожар.

Премиерот на Камбоџа, Хун Манет, изјави дека е „длабоко шокиран“ откако ја добил веста за експлозијата во областа Чбар Мон во провинцијата.

Тој изрази сочувство до семејствата на војниците и вети дека државата ќе ги плати нивните погреби и ќе им даде отштета на семејствата на загинатите и ранетите.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе