Синоќа околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ пристигнала дојава за бомба.
По пријавувањето за наводната бомба, патниците биле веднаш евакуирани.
Аеродромот е затворен, а летовите се пренасочени кон романски Темишвар, јавуваат белградските медиуми. Последниот авион полетал во 18:45 часот. Сите закажани летови потоа се одложени.
Како што неофицијално дознава Танјуг, пилотот добил дојава за бомба, по што повикал полиција, бидејќи на еден од патниците му се чинело сомнително.
Се појави видео од евакуацијата на патниците, на кое се гледаат патници во паника како се спуштаат по тобоган. Сите патници се евакуирани.