Документарецот за смртта на „кралот на криптовалутите“ стана хит на Netflix

Документарниот филм „Trust No One: The Hunt for the Crypto King“ е на второто место на најгледани содржини на Netflix, веднаш зад „Bridgerton“.

По големиот успех на „The Tinder Swindler“, Netflix донесе уште една интригантна приказна за можна измама и ја истражува теоријата според која Џери Котен директор и основач на QuadrigeCX, некогаш најголемата крипто менувачница во Канада, ја лажирал својата смрт. Котен во текот на посета на Индија во декември, 2018 година бил примен во болница каде наводно починал од срцев удар.

Котен поседувал лозинки на корисници кои имале дури 190 милиони долари, па затоа не е чудно што неговата ненадејна смрт предизвикала сомнеж. Документарецот преиспитува можни објаснувања зад мистериозната смрт на Котен и изнесува потенцијални теории.

Некои од тие теории се дека Котен си ја лажирал сопствената смрт и избегал со парите на корисниците или дека бил отруен од сопругата Џенифер Робертсон, која била покрај него кога починал. Новинари и експерти даваат своја анализа на настаните, а корисниците се здружуваат и почнуваат детективска истрага за да ја разјаснат позадината на приказната.

Точноста за информациите на смртта на „кралот на криптовалутите“ се доведува до прашање и поради низа необични околности поврзани со трагичниот крај на Котен. На неговата посмртница името му е погрешно напишано, а два месеци пред смртта поранешен директор на компанија која ја водела болницата во која Котен почина е обвинет за финансиска измама.

Remote video URL
Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе