Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

На азиските берзи денеска цените на акциите нагло паднаа поради зголемените тензии на Блискиот Исток и вчерашниот остар пад на Волстрит, додека вредноста на доларот порасна во однос на кошницата валути.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 1,8 отсто во 7:00 часот, лизгајќи се на најниското ниво во речиси два месеци.

Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei се лизна за повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 1,8 и 2,4 отсто.

Остриот пад на индексот втор ден по ред се должи, меѓу другото, и на тензиите на Блискиот Исток, откако Иран во саботата вечерта лансираше серија беспилотни летала кон израелска територија, а Израел најави одмазда.

Инвеститорите беа разочарани и од вчерашниот пад на Волстрит. Dow Jones загуби 0,65 отсто, додека S&P 500 се лизна за 1,20, а Nasdaq индексот 1,79 отсто.

Покрај неизвесноста околу развојот на состојбите на Блискиот Исток, инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции и затоа што се појасно е дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата и натаму е висока.

Вчера беше објавено дека продажбата на мало во САД пораснала за 0,7 отсто месечно во март, што е значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Ова покажува дека потрошувачите не забавуваат и покрај повисоката инфлација и дека растот на потрошувачките цени може да продолжи.

Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки во јуни речиси целосно исчезнаа.

Под притисок се најдоа и S&P 500 и Nasdaq индексот поради остриот пад на цените на акциите на Apple и Tesla.

Цената на Apple падна откако беше објавено дека продажбата на iPhone паднала за околу 10 отсто во првиот квартал, а Tesla откако објави дека поради падот на продажбата, компанијата ќе отпушти околу 10 отсто од своите вработени ширум светот.

Ова е причината зошто азиските инвеститори не беа охрабрени од податоците објавени утринава дека кинеската економија пораснала за 5,3 отсто во првиот квартал на годишна основа, нешто побрзо од претходниот квартал и значително повеќе од очекуваното.

На девизните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново петмесечен максимум, бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,37 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,70 на 154,40 јени, ново највисоко ниво во последните 34 години.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0610 долари, најниско ниво од ноември, додека вчера во овој момент беше 1,0650 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,54 отсто, на 90,60 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,57 отсто, на 85,90 долари.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Бизнис

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе