Доларот стагнира, цената на нафтата порасна, се стравува од глобална рецесија

На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите бидејќи инвеститорите не се подготвени да ризикуваат со оглед на тоа што оваа недела се очекува зголемување на каматите од страна на голем број централни банки, што дополнително ќе го забави и онака бавниот раст на светската економија.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 0,4 отсто околу 19 часот, откако минатата недела потона за речиси 3 отсто. Цените на акциите во Шангај, Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја утринава паднаа меѓу 0,1 и 1,1 отсто. Во Јапонија, пак, нема работа поради празници.

Инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции бидејќи оваа недела треба да се состанат дури 13 централни банки во светот, а повеќето од нив се очекува да ги зголемат каматните стапки поради високата инфлација. Инвеститорите ќе бидат фокусирани на дводневната сесија на американската централна банка, која завршува на 21 септември.

Повеќето аналитичари очекуваат лидерите на ФЕД повторно да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, трет пат по ред. Сепак, некои од нив веруваат дека ФЕД може да ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен.

Се очекува зголемување на каматните стапки во повеќето земји

На пазарот се шпекулира и за тоа колку каматните стапки би можеле да се зголемат во наредните месеци. Моментално каматните стапки на ФЕД се во опсег од 2,25 до 2,50 отсто, а до крајот на годината би можеле да достигнат опсег од 4 до 4,25 отсто. Следната година ФЕД би можел дополнително да ја зголеми цената на парите, доколку инфлаторните притисоци не почнат значително да се намалуваат.

Се очекува зголемување на каматните стапки од повеќето други централни банки, кои ќе одржат седници оваа недела, меѓу нив и банките на Швајцарија, Англија и Јужна Африка. Меѓу ретките исклучоци е јапонската централна банка, која најверојатно ќе ја држи монетарната политика лабава за да го поддржи економскиот раст бидејќи релативно ниската инфлација ѝ го дозволува тоа.

И кинеската централна банка утринава ја намали репо стапката за 0,10 процентни поени со цел да го стимулира кредитирањето и со тоа да ја поддржи економијата, чиј раст во последните месеци забавува. Но, ова се исклучоците што го докажуваат правилото.

„Во последните месеци се соочуваме со една од најагресивните епизоди на затегнување на монетарната политика во историјата бидејќи околу 85 отсто од светските централни банки ги заоструваат политиките“, пишуваат аналитичарите на Банката на Америка.

На светската економија ѝ се заканува рецесија

А тоа, се разбира, ќе го забави растот на глобалната економија, како што предупредија Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка минатата недела. За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто годинава.

Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија, соопшти ММФ.

Од Светска банка, пак, порачаа дека глобалната економија можеби оди кон рецесија, имајќи предвид дека централните банки во светот истовремено ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Трите најголеми светски економии - САД, Кина и еврозоната - доживуваат нагло забавување на растот, а дури и умерен удар може да ја турне светската економија во рецесија, вели Светската банка. Нејзиниот главен економист, исто така, рече дека го загрижува можноста за стагфлација, период на бавен економски раст и висока инфлација.

Доларот стагнира, цената на нафтата порасна

А на девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 109,68 поени, како и во петокот навечер.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 142,95 на 143,05 јени. Во однос на европската валута, доларот, пак, стагнира, па цената на еврото се движи околу 1,0010 долари, како и во петокот навечер.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад од над 1,5 отсто. Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,63 отсто, на 91,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,51 отсто, на 85,55 долари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе