Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На кинеските берзи денеска поскапеа акциите, благодарение на најавата за нови економски стимулации, додека на другите берзи во регионот се тргува повнимателно. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,8 отсто околу 19 часот, со што се оддалечи од најниското ниво за речиси една година.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,5 и 1,2 отсто. Во Австралија и Јужна Кореја тие благо паднаа. Растот на кинеските берзи е благодарение на најавата за нови економски стимулативни мерки.

Главното тело на парламентот одобри, имено, издавање обврзници во вредност од околу 137 милијарди долари за подобрување на инфраструктурата и обнова на некои уништени области. Ова треба да ја стимулира економијата, која не расте толку брзо како што се очекуваше.

„Владините трошоци ќе помогнат за понатамошно стабилизирање на економијата и поддршка на растот во четвртиот квартал“, рече Стивен Леунг, управен директор на брокерската куќа UOB Kay Hian. Но, на другите берзи во регионот тргувањето е воздржано. Инвеститорите во Австралија беа непријатно изненадени од фактот што во третиот квартал инфлацијата беше повисока од проценетата и изнесуваше 5,4 отсто.

Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека има 60 проценти шанси австралиската централна банка уште еднаш да ги зголеми каматните стапки, во споредба со досегашните 35 проценти.

„Со оглед на острата реторика од централната банка во последните недели и новите податоци за инфлацијата, очекуваме дека во ноември централната банка ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, на 4,35 отсто“, пишуваат аналитичарите на ANZ во својот преглед на состојбата на пазарот.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути значително се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,60 на 149,85 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0595 долари, додека вчера во ова време беше 1,0680 долари.

Цените на нафтата, пак, се под притисок втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,10 отсто, на 87,98 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 83,60 долари.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе